Почина Волфганг Петерсен, режисерот на култните филмови „Das Boot“, „Troy“ и „Air Force One“

Точка

17/08/2022

13:39

4.205

Големина на фонт

а а а

Волфганг Петерсен, германскиот режисер кој ги режираше филмовите „Air Force One“ и „The Perfect Storm“, почина на 81-годишна возраст.

Петерсен починал во петокот како последица од рак на панкреас, опкружен со сопругата Марија и семејството во својот дом во Лос Анџелес, изјави неговиот асистент во вторникот.

Петерсен беше многу ценет режисер во Калифорнија, каде и живееше, како и во својата татковина, работејќи со ѕвезди како Клинт Иствуд, Дастин Хофман, Харисон Форд, Џорџ Клуни, Бред Пит, Рене Русо и Глен Клоус во текот на својата повеќедецениска кариера.

Епската филмска приказна „Das Boot“ (The Boat) за екипажот на германската подморница во текот на Втората светска војна, со Јирген Прохнов и Херберт Гронемаер во главните улоги, беше номинирана за шест Оскари и му го отвори патот на Петерсон кон Холивуд.

Режисер е на низа големи хитови

Петерсон, тогаш во раните 40-ти години, беше номиниран за режија и адаптација на сценариото, а филмот беше номиниран и за кинематографија, монтажа, звук и монтажа на звук.


Голем хит беше и филмот „The NeverEnding Story“, по кој следеше научнофантастичниот филм „Enemy Mine“.

Политичкиот трилер „In The Line of Fire“ со Клинт Иствуд како таен агент беше голем хит во 1993 година. Во текот на наредната деценија, успесите продолжија забрзано да се нижат: „Outbreak“ со Дастин Хофман, „The Perfect Storm“ со Џорџ Клуни и „Troy“ со Бред Пит.

Петерсен се пресели со сопругата Марија во Лос Анџелес во 1987 година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг