Новата ракета на НАСА се подготвува за првото лансирање, ќе орбитира околу Месечината

Макфакс

17/08/2022

10:03

22.641

Големина на фонт

а а а

Џиновската лунарна ракета на НАСА, Space Launch System, го започна своето бавно, повеќечасовно патување до лансирната рампа во средата.

Во меѓувреме се прават подготовки за првото лансирање на Месечината, кое според планираното треба да се случи за помалку од две недели.

Овој проектил е изграден од Lockheed Martin Corp. На врвот се наоѓа вселенската капсула Орион на НАСА. Инаку, оваа капсула е дизајнирана да се одвои од ракетата во вселената и да транспортира луѓе на Месечината.

На 29 август, ракетата висока 98 метри треба да ја лансира својата прва вселенска мисија без екипаж. Тоа ќе биде клучно, долго одложено демонстративно патување до Месечината за програмата на НАСА Артемис, проект на Соединетите Американски Држави вреден повеќе милијарди долари за враќање на луѓето на површината на Месечината како подготовка за идните мисии на Марс.

Систем за вселенско лансирање, чиј развој беше предводен од Boeing Co во изминатата деценија, излезе од нејзината зграда за склопување во вселенскиот центар Кенеди на НАСА во Флорида и го започна своето патување од шест километри до лансирната рампа, движејќи се со брзина помала од еден километар на час.

За мисијата на 29 август, наречена Артемида 1, капсулата Орион ќе се лансира на врвот на беспилотниот систем за вселенско лансирање и ќе орбитира околу Месечината пред да се врати на Земјата за да слета во океанот 42 дена подоцна.

Доколку има временски услови или какви било технички проблеми, НАСА има резервни датуми за лансирање на 2-ри и 5-ти септември,пренесе Аваз.ба.



Спонзорирани линкови

Маркетинг