Генералниот секретар на ОН ќе се состане со Ердоган и Зеленски во Лавов

Точка

16/08/2022

23:27

2.361

Големина на фонт

а а а

Антонио Гутереш на 20-ти август во Истанбул ќе го посети Заедничкиот координациски центар, формиран за надзор на договорот за украинската испорака на житарки.

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш денеска изјавил дека ќе се состане со претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган и претседателот на Украина Володимир Зеленски во украинскиот град Лавов на 18-ти август, јавува "Анадолија".

Гутереш на 20-ти август, по состанокот со претседателите на Турција и Украина, ќе го посети Заедничкиот координациски центар во Истанбул, формиран како дел договорот за надзор за обновата на украинската испорака на житарки.


Со посредство на Турција и ОН, Украина и Русија на 22-ри јули во Истанбул потпишаа договор за обнова на украинската испорака на житарки од три црноморски пристаништа. Според договорот, воспоставен е координациски центар за спроведување на заеднички инспекции на влезовите и излезите од пристаништата, осигурувајќи безбедност на рутите. Првиот брод испловил на 1-ви август.

Центарот во Истанбул официјално почнал да функционира на 27-ми јули, а се состои од претставници на три држави и ОН.

Од првото испловување на 1-ви август, досега вкупно 21 брод со житарки ги напуштил украинските пристаништа, благодарение на договорот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг