Нуклеарна војна меѓу САД и Русија би убила 5 милијарди луѓе! Отровниот пепел и 4 години по експлозиите би сеел смрт

Точка

16/08/2022

22:37

24.650

Големина на фонт

а а а

Експертите од престижниот американски универзитет објасниле со какви последици би се соочило човештвото во случај да дојде до нуклеарни напади.

Околу две третини од светот, односно речиси 5 милијарди луѓе, би можеле да починат од глад во случај на нуклеарна војна меѓу Русија и САД, покажало истражувањето од Универзитетот "Rutgers". Нуклеарен судир би довел до катастрофални нарушувања во снабдувањето со храна, бидејќи поради отровниот пепел кој би ги блокирал сончевите зраци ќе овенат посевите ширум светот, напишале научниците во истражувањето објавено во "Nature Food". Дури и нуклеарна војна со помал обем, на пример меѓу Пакистан и Индија, би уништила резерви на храна, би го намалила глобалното производство за седум проценти во рок од пет години и би убила 2,5 милијарди луѓе. Несигурноста во прехраната во овие случаи би била посмртоносна од нуклеарната експлозија, предвидува истражувањето.


Ќе бидат уништени 95 проценти од храната

„Податоците ни кажуваат една работа:мораме да спречиме да се случи нуклеарна војна“, рекол климатскиот научник Алан Робок, ко-автор на истражувањето. Исто така, научниците истражиле како движењето на ветерот може да ги шири чадот и огнот по нуклеарните напади над големите извозници на храна како што се САД и Кина. Недостигот на сончева светлина по ова сценарио ќе ја уништи жетвата и би можел за 90 проценти да го намали одгледувањето на домашни животни, риболовот и земјоделските посеви ширум светот во рок од четири години од престанувањето на војната.

Нуклеарна војна би зголемила проблемите поврзани со прехраната на населението во голем дел од планетата. Климатските промени, војната во Украина и пандемијата на коронавирусот веќе сериозно го нарушиле глобалното производство на храна. Рекордни 345 милиони луѓе ширум светот се соочуваат со глад, што е зголемување од речиси 200 милиони во споредба со нивото пред пандемијата.


Треба да преминеме на инсекти и микроалги

Како одговор, земји како Индија и Малезија имаат ограничен извоз на пченица и пилешко. Стравот од глобален судир - без разлика на тоа дали нуклеарно оружје би можело да биде вклучено - и несигурноста на пазарот со храна би можеле да наведат многу земји уште повеќе да го ограничат извозот или да собираат резерви на храна, пренесува "Washington Post".

„Психолошкото влијание може да биде поголемо од реалната штета“, вели Вилијам Чен, професор по наука за храна на Сингапурскиот технолошки универзитет Нанианг и директор на владината програма за безбедност на храната.


За да се подготват за поголема глобална нестабилност, додал тој, многу земји мора да се оддалечат од традиционалното земјоделство и да ги диверзификуваат своите извори на храна. Одгледување на печурки, одгледување на земјоделски култури во затворен простор и производство на јадливи инсекти или храна од микроалги можат да пружат алтернатива, смета Чен.

„Ова не бара многу простор. Може да ги одгледувате во вашата кујна, во подземна просторија и помалку се потпираат на окружување изложено на нуклеарна војна“, констатирал експертот за храна.




Спонзорирани линкови

Маркетинг