Авион на Ер Србија принудно слетал во Црна Гора

Макфакс

16/08/2022

21:46

4.501

Големина на фонт

а а а

Авионот на компанијата Ер Србија, Ербас 319, кој летал на релација Тиват – Белград, во вторникот околу 15 часот и 45 минути морал принудно да слета поради дефект на моторот, јавува Нова.рс.

– Тоа беше нешто како удар на гром. Авионот губел и менувал напојување, а една патничка видела искри под нејзините нозе и испуштање гориво од резервоарот во морето. Околу половина час кружевме над Бока Которска, а луѓето на копно забележаа дека од авионот излегува голема количина чад. Меѓу патниците имало и луѓе со мали деца кои почнале да плачат – вели патникот.

Тој додава дека во првите десет минути од летот екипажот не дал никакво објаснување, што уште повеќе ги загрижило патниците.

– Тогаш не известија дека има дефект на моторот и дека мораме да направиме подготовки за слетување на аеродромот во Тиват. Следеше стандардната процедура во таква ситуација, а тоа дополнително ги исплаши патниците, особено странците – додава патникот.

– Механичарите го прегледуваат авионот, а патниците чекаат нови информации за летот. Некои поради страв се откажале од денешниот лет и им помогнала аеродромската служба – изјавила патничката,пренесе 24часа.хр.



Спонзорирани линкови

Маркетинг