Пресметајте ја идеалната разлика во годините: Колку партнерот треба максимум да биде постар или помлад од вас?

Точка

16/08/2022

21:04

32.241

Големина на фонт

а а а

Помладото е послатко, а постарите зрачат со искуство и самодоверба, но колку е младото премладо, а колку старото е премногу старо?

Ако не сте знаеле, постои математичка формула за пресметување на „социјално прифатливата“ разлика во годините помеѓу романтичните партнери, а тоа е бројот на вашите години поделен со 2, на кој потоа додавате 7. Тоа би требало да биде минимумот под кој не треба да се оди.

Правилото започнува да важи на возраст од 14 години и за двајцата партнери, па така во случај постариот партнер да има 30 години, општествено прифатлив минимум е помладиот партнер да има 22, додека 50-годишник би требало да биде со партнер кој не е помлад од 32 години, пренесува „Yahoo Life“.


Браковите и врските со разлика во годините се сè помалку табу тема, а теоријата за половина од возраста плус седум како општествено прифатлива ја испитувале научниците Брам Банк и Даглас Кенрик.

„Правилото помага да се задржите во распон на возраст кој ќе ви обезбеди заеднички интереси со вашиот партнер и веројатно ќе ви овозможи подобра комуникација“, вели експертот за односи, Дејвид Бенет.

Експертката за состаноци и врски, Керол Родерик, вели дека не ги советува клиентите да го следат правилото по секоја цена, туку „ги охрабрува добро да размислат за горните и долните старосни граници, особено на интернет страниците и апликациите за запознавање“.


Таа смета дека почитувањето на ограничувањата е помалку потребно во текот на личните средби бидејќи обично сте во можност да ја процените зрелоста, виталноста и намерите на средбите во истовреме кога ќе ја откриете неговата/нејзината возраст.

Исто така, треба да се напомене дека една студија од 2014 година во списанието „Social Science Research Network“ покажала дека колку е поголем јазот во годините, толку е поголема веројатноста парот да се разведе. Паровите со 5-годишна разлика во годините имале 18 отсто поголеми шанси да се разведат, а стапката на развод скокнала на 39 отсто со 10-годишна разлика и 95 отсто со јаз од 20 години.

Но, иако не мора во целост да се придржувате до правилата, тие едноставно би можеле да ве насочат кон некој со кој можете да создадете поодржлив однос.



Спонзорирани линкови

Маркетинг