Сара Џесика Паркер ја изнајмува својата раскошна вила на плажа за помалку од 20 долари – сумата има специфична симболика

Точка

16/08/2022

19:18

28.277

Големина на фонт

а а а

Холивудската ѕвезда Сара Џесика Паркер ја изнајмува својата куќа на плажа во Ист Хемптон, која ќе биде достапна за резервирање од 23-ти август.

Вилата на актерката е изградена на имот од 1940-те и може да се резервира за престој од две ноќи, само за две лица, а во неа ќе престојува оној кој прв ќе успее да резервира. Но, едно од основните правила кое мора да се почитува е – без организирање забави!


Цената за престој во оваа викендичка на „Booking“ е изненадувачки ниска и чини само 19,98 долари. Меѓутоа, оваа сума има симболично значење. Имено, истакнатиот износ ја претставува годината кога култната серија „Sex and the City“ дебитираше на ТВ во јуни 1998 година.

Двајца среќници ќе уживаат во куќата на плажа со 3 спални соби. Викендичката содржи камин од цигли, ормар полн со чевли дизајнирани од Паркер, како и домашен бар. Обезбеден е пристап до плажа, а тука е и пространата палуба опкружена со бујно зеленило.


Легендарната Кери Бредшо се осврнала на тоа што ја мотивирало да ја уреди својата оаза на мирот на ваков начин.

„Кога го дизајниравме просторот, нашата цел беше да создадеме совршено место за семејството и пријателите кое е удобно и приватно и кое е близу до плажа. Сакавме имотот навистина да се гледа како дом, па го опремивме со старински парчиња мебел кои ги собиравме со години. Дворот го направивме разновидно место во кое би можеле да уживаме во летните зајдисонца, правењето скара и забавните собиранки. Дизајниран е со љубов и среќни времиња на ум“, вели Паркер.






Спонзорирани линкови

Маркетинг