Кина не може да се скроти, не се плаши од злобни сили, ни од непријатели

Точка

16/08/2022

21:02

2.935

Големина на фонт

а а а

Кинеската Народноослободителна армија не се плаши од своите непријатели и подготвена е да се бори за суверенитетот на земјата насред обидите на САД да ја нарушат стабилноста во азиско-пацифичкиот регион, изјавил денеска кинескиот министер за одбрана, Веи Фенге.

„Претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес Ненси Пелоси неодамна го посети Тајван, што беше грубо кршење на суверенитетот и територијалниот интегритет на Кина. Тоа предизвика негативни ефекти на мирот и стабилноста во регионот и во Тајванскиот мореуз“, порачал тој во видео обраќање на 10-тата Московска конференција за меѓународна безбедност, а пренесува "ТАСС".

Како што рекол, Кина не може да се скроти, не се плаши од злобни сили, како и од непријатели.

„Одлучни сме и подготвени да се бориме со секој непријател“, укажал Веи.


Потсетил дека Тајван е составен дел од Кина и дека Пекинг сите тие прашања ги сметал за внатрешно политички проблеми, во кои ниедна друга земја нема право да се меша.

„Сепаратистите кои се борат таканаречена независност на Тајван сигурно ќе си го скршат врат. Обидите за надворешно мешање се осудени на пропаст“, додал кинескиот министер.

Веи потсетил дека ставот на Кина по прашањето за Тајван ужива поддршка од повеќето светски земји.


Повеќе од 170 земји неодамна издале релевантни изјави за да ја поддржат желбата на Пекинг да го заштити својот суверенитет, порачал кинескиот министер.

Исто така укажал на важната улога на државите членки на Шангајската организација за соработка во контекст на "дестабилизирачките акции на Вашингтон во регионот".

„Кина изведува воени вежби од големи размери околу Тајван, кои се легитимни и исправни акции кои имаат за цел заштита на суверенитетот на нашата земја“, заклучил Веи.




Спонзорирани линкови

Маркетинг