(Видео) Рецепт за неодолив ролат од тиквички: Ќе ви бидат потребни 30 минути да го направите, а само 3 да го изедете

Точка

16/08/2022

16:06

18.876

Големина на фонт

а а а

Ролати, солени или благи, се идеално решение за ручек или вечера, а една од предностите им е тоа што може да ги правите од сè што ќе ви падне на памет.

Ролатот од тиквички ќе ви стане еден од омилените на листата летни оброци, но и брзи, а поради тоа што моментално е сезона на тиквички, сигурно нема да ви бидат потребни ниту многу пари за една убава вечера со семејството.

Овој ролат е полнет со крем-сирење и шунка, а истиот се покажал како одлично и омилено решение, а едноставно се подготвува и ќе ве натера да го правите секој ден, одново и одново.

Состојки:

За подлога:

- 2 тиквички;
- 100 грама тврдо сирење.


За полнење:

- 400 грама компир;
- 150 грама шунка;
- 180 грама крем-сирење;
- 100 грама тврдо сирење;
- Малку магдонос;
- Кромид.

Подготовка:

Исечете ги тиквичките на тенки кругови и распоредете ги во плех којшто претходно сте го обложиле со хартија за печење.

Над нив ставете рендано сирење и печете во рерна 7-10 минути на 180 степени Целзиусови.

Потоа извадете ги тиквичките заедно со хартијата за печење. Во меѓувреме направете пире од компирите и додадете во него пропржен сечкан кромид, а потоа рендано сирење, магдонос, сол и бибер.

Смесата соединете ја и премачкајте ги тиквичките кои сте ги извадиле од рерната. Над тоа распоредете ја шунката и на еден крај од ролатот по ширина ставете крем-сирење, па сето тоа заедно замотајте го. Ставете го ролатот во плех за печење обложен со хартија за печење и печете на 180 степени Целзиусови уште 15 минути.

Уживајте во ролатот којшто ќе го обожава цело семејство, а притоа ќе ве засити.

На здравје!




Спонзорирани линкови

Маркетинг