Мукаетов ги пречека златните кадети од Рига и вети дека ќе поделат убава премија

Дерби

16/08/2022

12:50

20.400

Големина на фонт

а а а

Македонскиот ракомет има светла иднина, а тоа го докажаа кадетите кои се вратија со златен медал од ЕХФ шампионатот кој се одигра во Летонија.

Македонските надежи славеа во големото финале над Швајцарија и остварија голем успех, кој сега им носи гаранција со настап на младинското Европско првенство во 2024-та и настап на Светското кадетско првенство во 2023-та година.

Големиот успех ја израдува цела македонска спортска јавност, а денеска младите ракометари имаа прием од РФМ и од првиот човек на Федерацијата, Живко Мукаетов.

Претседателот лично им честиташе на младите македонски ракометари за освоеното прво место на шампионатот во Рига, но им вети и убава премија која ќе ја поделат сите играчи, заедно со стручниот штаб.

Мукаетов нагласи дека ова е нов голем успех за спортот број еден во Македонија, но и најави дека кадетската селекција ќе подели премија од 700 илјади денари, која треба да биде усвоена на следниот состанок на Управниот Одбор на Федерацијата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг