Фердинанд го охрабрува Тен Хаг да преземе драстичен чекор: Само така ќе испрати јасна порака

Дерби

16/08/2022

12:47

1.679

Големина на фонт

а а а

Рио Фердинанд одново застана во одбрана на Кристијано Роналдо во своето последно „јутјуб“ обраќање на својот канал и нагласи дека тој не е главниот проблем во тимот, но истовремено го охрабри Ерик Тен Хаг да презземе драстичен чекор и да седне на клупа големи ѕвезди и да се потпре на млади сили.

Легендарниот Фердинанд смета дека младите играчи од младинската школа ќе понудат поголема желба за надигрување и подстојно ќе го носат дресот на Јунајтед од играчите кои играа во саботата и кои се посрамотија на гостувањето кај Брентфорд.

– Роналдо не е некој кој ќе зборува во јавноста. Тој е тип кој мисли „ќе видите како ќе одговорам на теренот“. Тој знае како да се носи со ваков притисок, не знам зошто некои велат дека тој е главниот проблем на тимот. Не е така, има многу други играчи кои прават помалку од него. На крајот од краиштата, Роналдо добива критики поради името кое го има.

– Да сум на место на Тен Хаг, би ги ставил во игра децата од академијата. Кога еден играч не вложува напор, не го заслужува дресот на Јунајтед, кога не си насочен на случуавњата на теренот, не го заслужуваш дресот. Едноставно, кога немаш мадиња за игра, не заслужуваш да го носиш црвениот дрес.

– Младите играчи се доволно добри во споредба со овие играчи гледајќи на долг рок. Исто така, со тоа ќе се испрати јасна порака до играчите дека „нема да продолжиш да го носиш дресот со такви настапи“. Јас би ги ставил во игра децата, – вели Фердинанд.



Спонзорирани линкови

Маркетинг