Клоп за големите проблеми пред вториот кикс во сезоната: Како да имавме вештерка во клубот

Дерби

16/08/2022

12:46

1.296

Големина на фонт

а а а

Јирген Клоп доживеа втор неочекуван шок во второто коло во Премиер лигата, бидејќи по две комплетирани рунди, Ливерпул се уште не знае за победа на стартот на новата сезона.

По почетниот кикс против Фулам на гостувањето, вчера „црвените“ не успеаја да го победат ниту Кристал Палас, но барем спасија бод со играч помалку на теренот во ситуација кога Дарвин Нуњез заработи директен црвен картон.

Клоп најави дека ќе разговара со најголемото засилување и ќе му објасни дека таквите потези не се добри за тимот, но на прес-конференцијата говореше и за тешката подготовка која ја имал неговиот тим за првиот меч на „Енфилд“ во новата сезона.

Германецот направи четири принудни промени во стартната постава поради повреди на Матип, Тиаго, Фирмино и Хендерсон кој доби шанса на крајот, па на соочувањето со новинарите, Јирген нагласил дека не доживеал вакво нешто откако го води Ливерпул.

– Изминатава недела беше навистина луда. Сум доживеал и преживеал толку многу фудбалски седмици, но ова беше како да имавме вештерка во тренинг центарот. Искрено, секој ден се јавуваше нов играч со некаков чуден проблем и мораше да се повлече од тренингот. Ова беше луда недела и се надеваме дека брзо ќе ја заборавиме, – изјавил Клоп по ремито со Кристал Палас (1:1).



Спонзорирани линкови

Маркетинг