Симеоне ја пронајде замената за Суарез: Јас не сум газда на Атлетико, јас сум само тренер

Дерби

16/08/2022

12:27

1.578

Големина на фонт

а а а

Атлетико Мадрид на успешен начин ја стартуваше новата натпреварувачка сезона и започна со триумф од 0:3 на гостувањето кај градскиот ривал Хетафе, натпревар на кој посебно до израз дојдоа две имиња во стартната постава на „душекџиите“.

Алваро Мората постигна два гола и само продолжи да брилјира по успешната претсезона со Атлетико, но извонредно добар беше и Жоао Феликс кој запиша три асистенции.

Третиот гол беше дело на Антоан Гризман, но главна тема за разговор по мечот беа Мората и Жоао, бидејќи Чоло Симеоне реши јавно да ги пофали по залагањата во пресезоната и доброто отворање на сезоната.

Мората се врати во Атлетико по позајмицата во Јувентус и беше неизвесно дали ќе остане, но по се изгледа, тој е напаѓачот кој ќе го замени Луис Суарез и Чоло јасно става до знаење дека максимално смета на него со тоа што го става во почетните 11.

– Јас не сум газда на Атлетико, јас сум само тренер. Мората е многу добар во моментов, работи со неверојатна понизност и професионалност и сите кои сме дел од првиот тим сакаме да остане со нас. Очекуваме да биде важен дел од тимот, – изјави Симеоне.

– Сакам да ја истакнам и партијата на Феликс, докажа дека созреа на последните натпервари минатата сезона. Расте од меч во меч и искуството си доаѓа со себе. Имаше извонредни пасови за гол, тој е во најдобар момент во кариерата откако дојде тука кај нас, – порача Чоло.



Спонзорирани линкови

Маркетинг