Пелегрини покажа класа со извонреден прием на топката и го воодушеви цел стадион во Севилја

Дерби

16/08/2022

12:21

1.523

Големина на фонт

а а а

Бетис ја оправда улогата на фаворит во првото коло и го надигра Елче со резултат 3:0, триумф кој беше единствен остварен од домашен тим на вчерашните три меча во Ла Лига.

Понеделничката програма донесе возбудувања на три стадиони во Шпанија, а оној во Андалузија беше доста едносмерен и им припадна на „зелено-белите“.

Бетис славеше со двата гола на Хуанми и еден на Иглесијас, но потегот кој посебно ја воодушеви публиката беше оној на тренерот на домашниот тим.

Мануел Пелегрини има 68 години и водеше елитни клубови како Реал Мадрид и Манчестер Сити пред да дојде во Бетис, но како поранешен професионален фудбалер, се уште има магија во своите нозе.

Еден негов импресивен прием на тешка топка заврши со овации од трибините на „Бенито Виламарин“, но аплауз доби и од своите помошници на клупата за резерви.



Спонзорирани линкови

Маркетинг