Клоп не го одобрува моментот на помрачување на Нуњез и најави: Ќе зборувам со него

Дерби

16/08/2022

12:18

1.484

Големина на фонт

а а а

Два кикса во првите две кола е нешто што никој не можеше да го замисли од актуелниот англиски и европски вицешампион, но токму тоа му се случи на Ливерпул на натпрварите против тимови кој требаше лесно да ги добие на хартија.

По ремито со Фулам на гостувањето во Лондон, Ливерпул изминатава вечер не победи ниту на „Енфилд Роуд“ пред домашните навивачи, откако Кристал Палас се покажа како тврд орев и тим кој знаеше како да си ја заврши работата на едно од најтешките гостувања.

Покрај лошиот резултат, неповолна вест за Јирген Клоп е и моментот на помрачување кој го имаше Дарвин Нуњез, поради кој сега му се заканува суспензија од два или три натпревари.

Уругваецот одговори со агресија на провокацијата на Андерсен и го патосираше противникот со глава, па откако беше испратен на туширање, интересно Ливерпул израмни и се избори барем за бод.

– Секако дека тоа е чист црвен картон. Нуњез беше провоциран цело време, но едноставно не смее да се однесува така на фудбалски терен. И самиот знае дека ова е реакција која не сакаме да ја видиме од него.

– Централните дефанзивци ќе му го прават тоа постојано, но ова не треба да биде неговата реакција. Тоа не беше добро за нас во ситуацијата во која бевме. Тој ќе научи од ова и сигурно ќе зборувам со него за оваа ситуација, – најави Клоп.



Спонзорирани линкови

Маркетинг