Пулишќ ќе го напушти Челси

Макфакс

16/08/2022

12:12

1.046

Големина на фонт

а а а

Фудбалерот на Челзи, американски репрезентативец Кристијан Пулишиќ до крајот на преодниот рок би можел да го напушти лондонскиот клуб, пренесуваат британските медиуми.

Менаџерот на Челзи, Томас Тухел, наводно не смета на Пулишиќ до крајот на сезоната, поради што раководството на „сините“ решило да го продаде или да го испрати на едногодишна позајмица.

Најголем интерес за американскиот фудбалер покажа Њукасл, кој се уште не заврши со засилувања во летниот преоден рок.

Пулишиќ (23) пристигна во Челзи во 2019 година од Борусија Дортмунд за 60 милиони евра, но не ги исполни очекувањата на „сините“.

Американскиот фудбалер одигра 117 натпревари за лондонскиот клуб во сите натпреварувања и постигна 25 гола.



Спонзорирани линкови

Маркетинг