Автомобилите сè побезбедни, но и сè поскапи

Точка

15/08/2022

22:40

18.240

Големина на фонт

а а а

Според новите безбедносни регулативи кои стапиле на сила минатиот месец, постојат најмалку 20 технологии кои се стандардни во сите автомобили кои се продаваат во Европската унија и Велика Британија.

Со новиот арсенал безбедносна опрема од Општите безбедносни регулативи 2 (General Safety Regulations 2) истовремено поскапува и производството на поевтините автомобили, што веројатно ќе доведе до раст на нивните цени.

За новите правила се дискутирало во рамките на Обединетите нации Европската унија цели десет години, а Европската унија ги финализирала своите предлози во 2019-та година. Новитетите се воведуваат во две фази. Првата стапила на сила на 6-ти јули, а втората ќе биде активирана во 2024-та година.


Сите нови модели лансирани по 6-ти јуни 2022-ра година ќе мора да ги почитуваат новите регулативи, а од 2024-та година и моделите кои се продаваат од претходно ќе мора да прилагодени со новите прописи за да можат и натаму да се продаваат, пишува "Nacionalnaklasa.com".

Еден од моделите кои нема да ги преживеат новите прописи е "Toyota GR86". Вградувањето на камери за интелигентна асистенција за брзина на возилата и системот за одржување на возење внатре во сообраќајната патека не можат лесно да се вградат во архитектурата на овој модел, која е преземена од GT86, модел дизајниран пред повеќе од 10 години.


"Toyota" соопштила дека би морала да го крене кровот и да ја помести шофершајбната за да ја сместат камерата. Јапонската компанија затоа објавила кратење на продажбата на овој модел во Европа по само две години од премиерата.

Европската унија ги усвоила новите регулативи со цел да го преполови бројот на смртни случаи на патиштата до 2020-та година и да се доближи до нулта вредност до 2050-та година.

Автомобилската индустрија тврди дека безбедноста на патиштата и е приоритет, но истовремено е загрижена поради ригидноста на прописите на одредени класи на автомобили и неподготвеноста на ЕУ да ја прилагоди временската рамка и безбедносните закони со производните циклуси на автомобилските модели.




Спонзорирани линкови

Маркетинг