Нови страшни детали од судењето на Менди: Фудбалерот жените ги силувал во "сигурни соби"

Точка

15/08/2022

20:02

5.763

Големина на фонт

а а а

Фудбалерот на Манчестер Сити, Бенџамин Менди ги силувал жените во заклучени "сигурни соби" во својата изолирана вила од која верувале дека не можат да побегнат, било кажано на суд.

Францускиот репрезентативец ги злоупотребил своите богатство и слава за да ги намами жените во својот дом во Чешајр и ги силувал кога ќе го одбиеле или биле премногу пијани за свесно да расудуваат, било кажано денеска на судењето во Честер.

На суд било кажано и дека пронаоѓал многу жени во ноќни клубови во Манчестер и често со помош на својот пријател, 41-годишниот Луис Саха Матуире, на кого исто така му се суди за повеќекратно силување и сексуални напади.

Двајцата се обвинети за покажување на бесчувствителна рамнодушност кон 13 млади жени кои наводно ги нападне. Сексуалното освојување на младите жени им станало игра, било кажано на суд.

Отворајќи го случајот, обвинителот Тимоти Креј и кажал на поротата дека Менди бил прилично познат фудбалер во време на злосторствата.

„Имаше договор со Манчестер Сити и беше освојувач на Светското првенство со Франција. А овие денови славата привлекува внимание. Славата носи и пари. И поради тоа, богатството и статусот на Менди, други биле подготвени да му помогнат да добие тоа што го сака“, рекол Креј.

Една од работите на Саха била да пронаоѓа млади жени и да создаде ситуации во кои тие би можеле да бидат силувани или сексуално нападнати, додал Креј.



Спонзорирани линкови

Маркетинг