Обамејанг нема намера да ја напушти Барселона

Макфакс

15/08/2022

18:27

1.509

Големина на фонт

а а а

Пјер-Емерик Обамејанг одбил да се пресели во Челси. Габонецот решил да остане во Барселона и да се бори за место во тимот.

Челси е во потрага по напаѓач, изборот на Томас Тухел бил Обамејанг, но играчот лично му се јавил на тренерот со кого соработуваше во Борусија Дортмунд и му се заблагодарил на понудата.

Челси за Обамејанг бил подготвен да понуди околу 20.000.000 евра. Според медиумите, и тие се оладиле откога Барса им побарала 30.000.000 евра.

Обамејанг смета дека ќе му се наметне на тренерот Чави бидејќи тој има намера повеќе да го користи на крилната позиција, а не во врвот на нападот.

Дополнително место во тимот ќе му отвори заминувањето на Мемфис Депај во Јувентус.



Спонзорирани линкови

Маркетинг