Извршниот директор на Фајзер позитивен на Ковид – ги примил сите четири дози од вакцината

Макфакс

15/08/2022

18:26

1.617

Големина на фонт

а а а

Извршниот директор на Фајзер, Алберт Бурла, денеска објави дека е позитивен на Ковид-19 и дека има многу благи симптоми, пренесува Ројтерс.

Бурла (60) рече дека започнал со терапија со користење на антиковидовиот лек на компанијата Пакловид и дека во согласност со јавно-здравствените мерки на претпазливост е во изолација.

– Уверен сум дека брзо ќе закрепнам – рече Бурла во соопштението.

Бурла прими четири дози од вакцината против Ковид развиена од Фајзер и нејзиниот германски партнер.

Неколку американски јавни личности беа позитивни на коронавирусот во изминатите неколку месеци, вклучително и американскиот претседател Џо Бајден и неговиот главен медицински советник, д-р Ентони Фаучи, потсетува Ројтерс.

Бајден помина повеќе од две недели во изолација во Белата куќа откако во два наврати беше позитивен на тестот за ковид-19.

Пакловид е лек за коронавирус кој се користи за лекување на луѓе со висок ризик, како што се постари пациенти,пренесе Телеграф.рс.



Спонзорирани линкови

Маркетинг