Нови 889 случаи на Ковид-19, пријавени се 10 починати лица

Макфакс

15/08/2022

17:11

2.036

Големина на фонт

а а а

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 12.8. 2022 до 14.8.2022):

Направени се 2.095 тестови, а регистрирани се 889 нови случаи на Ковид-19.

Од вкупниот број на позитивни (889), регистрирани се 199 реинфекции.

Во текот на изминатите 3 дена (12.8. 2022 – 14.8.2022) пријавени се 7 починати лица, од: 3 починати лица од Скопје (81г, 84г и 90г) и по едно починато лице од Велес (85г), Охрид (82г), Струга (72г) и Крива Паланка (91г). Сите лица се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој термин се регистрирани 3 починати лица и тоа од Радовиш (76г), Кочани (70г) и Струмица (81г), две лица се починати во домашни услови, е едно лице е починато во болнички услови. Лицата се пријавени за починати во период од 28.07 до 01.08.2022година.

Досега во земјата се направени вкупно 2.136.393 тестирање на КОВИД-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 335.451, бројот на оздравени пациенти е 322.468, на починати е 9.424, а бројот на активни случаи изнесува 3.559

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)

Скопје      157955, Активни   1445

Куманово    17836, Активни    167

Битола      17386, Активни    251

Прилеп      15169, Активни    152

Тетово      14288, Активни    124

Кавадарци   11745, Активни    150

Велес 10586, Активни    118

Гостивар    10167, Активни    108

Охрид 9948, Активни     204

Струмица    8642, Активни     95

Штип  8594, Активни     97

Кичево      5994, Активни     63

Кочани      5395, Активни     58

Струга      5094, Активни     68

Гевгелија   4722, Активни     62

Неготино    4053, Активни     80

Ресен 2966, Активни     28

Радовиш     2773, Активни     62

Свети Николе      2753, Активни     13

Крива Паланка     2579, Активни     20

Делчево     2070, Активни     46

Берово      1785, Активни     24

Дебар 1784, Активни     19

Валандово   1577, Активни     7

Виница      1444, Активни     14

Пробиштип   1292, Активни     4

Богданци    1075, Активни     16

Кратово     1072, Активни     15

Крушево     1006, Активни     20

Демир Хисар 907, Активни      10

Македонски Брод   780, Активни      6

Демир Капија      618, Активни      7

Македонска Каменица     531, Активни      2

Пехчево     500, Активни      4

Дојран      365, Активни      0



Спонзорирани линкови

Маркетинг