Далматинска оаза: Островот на љубовта на којшто автомобилите се забранети ќе ве маѓепса со својот шарм и урбани легенди

Точка

15/08/2022

16:13

22.429

Големина на фонт

а а а

Ретко кој остров во Хрватска може да се пофали со толку скриени и убави плажи, како што тоа може да го направи Силба.

Овој далматински остров е место на кое нема да пронајдете автомобили, тие се забранети. На островот владеат пешаците, а љубовта има свој споменик.

Островот Силба има површина од 15 километри квадратни. На најјужниот дел се сместило и истоименото и единствено население.

По површина е мал, но сепак тој ги крие едни од најубавите плажи на Јадранот, а го опкружува и најчистото и најсино море.


Островот на пешаците, како што го нарекуваат жителите, е остров кој го живее својот живот. Прекрасната природа, богатата историја и спокој е доволна причина за да му се враќате секоја година.

Силба е преполн со раскошни дворци, опасни и високи ѕидини, но и цркви.

Неговите жители, со оглед на тоа што островот се наоѓа на „половина пат“, често оделе на бродови како морнари и пловеле во далечните земји од кои секогаш се враќале со големи богатства.

Многу од морнарите знаеле со години да бидат на отворено море, а токму таквите приказни се поврзани за Торето, кулата која се издигнува на средина од островот.


Легендата вели дека капетанот Петар Мариниќ во 1872 година одлучил да ја изгради кулата за неговата сакана да може на неа да го чека неговиот брод. Но, по години исчекувања, се откажала и се венчала за друг. Годините поминувале, а Петар се вратил конечно.

Шетајќи, наишол на група млади девојки, меѓу кои се наоѓала и една која многу личела на неговата љубов од младоста. Разговорот течел, а на крај се докажало дека тоа е ќерка на жената која пред „многу“ години ја оставил на островот. Поради тоа што љубовта не прашува за години, Петар се оженил со младата девојка и долго живееле среќно.


Друга легенда, онаа урбана, зборува за големите хитови на популарната група „Азра“. Токму во тоа време кое се карактеризира како најплодно за групата, Џони Штулиќ ги поминувал своите лета на Силба, а дали песната „Марина“ е инспирирана од островот, тоа го знае само тој.

Со над 2.570 сончеви часа во годината, чудесната клима и неописливо, сината вода, Силба е бисер во морето којшто ќе ве воодушеви со својата посебност и гостопримливост.


Прекрасните плажи далеку од очите на љубопитните ќе ве маѓепсаат, а шумата е гаранција дека на овој остров може да го пронајдете вашето место под сонцето – и за одмор и за уживање.




Спонзорирани линкови

Маркетинг