Бред Пит има листа актери со кои повеќе никогаш не би снимал филм, а една актерка е повеќе пати „подвлечена“

Точка

15/08/2022

14:50

12.997

Големина на фонт

а а а

Пред Пит како еден од најпознатите и најценети холивудски актери на денешницата, наводно има мала црна книга со актери со кои повеќе никогаш не би сакал да снима.

Оваа вест доаѓа од колегата на Пит од филмот „Bullet Train“, Арон Тејлор-Џонсон, којшто за странските медиуми открил дека 58-годишниот актер внимателно запишува со кој сака да биде на снимањето на нареден филм.

Тејлор-Џонсон изјавил:

„Тој само сака да шири позитивни вибрации и внесува радост во светот, како и тоа да биде во близина на луѓе кои исто како него размислуваат, но и да бидат тука присутни за добро да си поминат на снимањето.


Кога работите со многу актери, како тој, по некое време почнувате да правите белешки во кои пишувате – дефинитивно повеќе никогаш нема да работам со оваа личност. Така и Бред има своја „добра“ листа, но и „лоша“ листа“.

Една од актерките за која верува дека нејзиното име повеќе пати е подвлечено на листата на добри актери на Пит е актерката Сандра Булок.

Актерката оваа година со Пит глумеше во „The Lost City“, а исто така таа се појавува и во филмот „Bullet Train“.

Бред претходно зборуваше пофални зборови за актерката, велејќи:

„Сенди ми е стара пријателка и прекрасна личност. Таа е тврдоглава, личност од која низ годините секогаш можев да барам услуга, но исто така и јас сум ѝ правел услуги“, изјавил Бред.


Погледнете го трејлерот за „Bullet Train“:



Спонзорирани линкови

Маркетинг