(Видео) Предлог ручек: Кремасто пилешко со морков кое се готви речиси само, а вкусот е феноменален

Точка

15/08/2022

14:40

20.298

Големина на фонт

а а а

Кога немате идеја што да подготвите, пилешкото месо е секогаш добро решение.

Сигурно досега сте го приготвувале на разни начини, сте го грилувале, сте го похувале… Пробајте го и овој рецепт за бело месо во кремаст сос и нема да се покаете!

Колку што има месо, толку моркови се додаваат. Навистина е сочно и се топи во уста. Послужете го со пире од компири или ориз.

Потребни состојки:

- 600 гр. пилешко филе
- 600 гр. моркови
- 1 кромид
- 2 чешниња лук
- околу 700 мл. бујон
- 1 ловоров лист
- магдонос
- 2-3 лажици маслиново масло
- 250 мл. павлака за готвење

Начин на подготовка:

Исечкајте го месото на ленти или коцки, па додајте сол и бибер.

Кратко пропржете го, па извадете го од тава. Во истата тава ставете го сечканиот кромид и лук, па кога малку ќе се пропржат, додајте го морковот исечкан на крукчиња. Додајте го бујонот и зачините. Гответе додека морковите не омекнат, па додајте ја павлаката за готвење. Промешајте и вратете го месото во тавата.

Зачинете уште малку ако е потребно и гответе уште 10-тина минути.



Спонзорирани линкови

Маркетинг