Дури 3 пати телефонирал додека сеел смрт: На кого сè му се јавил масовниот убиец од Цетиње? Еден повик е потполна мистерија

Точка

15/08/2022

13:24

9.725

Големина на фонт

а а а

Масовниот убиец Вук Бориловиќ во текот на својот крвав поход дури 3 пати телефонирал, соопшти Управата на црногорската полиција.

Јавноста дознава дека Бориловиќ откако ѕверски ја убил Наташа Мартиновиќ и нејзините двајца синови, му се јавил на нејзиниот сопруг Милош, ладнокрвно порачувајќи му дека ги убил и своето и неговото семејство.

Меѓутоа, другите два повици остануваат неразјаснети, од кои едниот е посебна мистерија...

Управата на полицијата издала опширно соопштение во кое го реконструирала движењето и однесувањето на масовниот убиец, наведувајќи дека за време на монструозниот акт извршил дури 3 телефонски разговори, и тоа во различни временски интервали - еден дури и кога бил тешко ранет.

Во 15:30 часот му се јавил на Милош Мартиновиќ: „Ги убив и моето и твоето семејство“

„Ги убив и моето и твоето семејство“ гласат монструозните зборови кои Вук Бориловиќ наводно му ги упатил на Милош Мартиновиќ откако му ги убил најмилите.

„Врз основа на досега спроведените извидувачки дејствија, вклучувајќи и изјави, односно собрани информации, произлегува дека околу 15 часот и 30 минути, В.Б. (34) имал телефонски разговор со друго лице, чиј идентитет за сега, поради заштита на оштетените и сведоците, нема да биде откриен, а во кој помеѓу останатото му соопштил дека во својата куќа го лишил од живот семејството кое живеело кај него, односно две малолетни деца“, се наведува во соопштението.


Врз основа на неофицијални информации кои протекоа во јавноста, времето и описот на овој повик се поклопуваат со повикот кој убиецот му го упатил на Милош Мартиновиќ, но реченицата која ја изговорил сè уште навлекува вел на мистерија околу целиот случај.

Имено, Бориловиќ до тој момент не бил во контакт со ниту еден од членовите на семејството, ни поблиско ни подалечно, а од сите жртви во роднинска врска бил само со неговиот вујко Горан Ѓуришиќ кој брутално го ликвидирал.

Во 15:50 часот повикал познаник: „Нема да преживеам“

Во медиумите е обелоденето дека еден од трите повици бил упатен до познаник на кој му кажал дека е тешко ранет и дека најверојатно нема да преживее.

Имено, како што објави Управата на полицијата, во текот на размената на оган со убиецот, кон кого биле испукани 20 проектили, еден полицаец бил ранет во пределот на главата.

„Досега спроведените мерки и дејствија укажуваат дека еден од проектилите испукани од полициските службеници го погодил В.Б. и во таа прилика тешко го ранил. По наизменичната употреба на огнено оружје од страна на полициските службеници и В.Б., според нивните изјави и пријави, во еден момент повеќе немало употреба на оружје од страна на В.Б.“, стои во соопштението, пренесува „Блиц“.


Токму во истиот документ се наведува дека убиецот тогаш го упатил споменатиот повик до познаникот чиј идентитет не е откриен и му соопштил дека „нема да преживее“.

„Ова ја потврдува и изјавата на сведокот кој телефонски разговарал со В.Б. околу 15:50 часот, односно 20-тина минути по телефонскиот разговор кој претходно го водел. Според изјавата на сведокот, во овој телефонски разговор од 15:50 часот, В.Б. изјавил дека лишил од живот поголем број лица, дека е тешко ранет и дека мисли дека нема да преживее“, се потврдува во полициското соопштение.

Третиот повик е потполна мистерија

Управата на црногорската полиција известила дека Бориловиќ извршил уште еден телефонски повик додека сеел смрт низ Цетиње, односно наводно пред да му се јави на Милош Мартиновиќ, не наведувајќи го точното време.

Меѓутоа, тој трет повик и понатаму е мистерија бидејќи од полицијата не ја навеле неговата содржина, ниту до кого бил упатен. Надлежните, наводно од безбедносни причини, не сакаат да соопштат со кого разговарал убиецот за време на неговиот крвав пир.


„На овој разговор (со Милош Мартиновиќ) му претходел друг разговор чија содржина и идентитет засега нема да ги откриеме, од истите причини (безбедност), но кои ги потврдуваат претходните наводи (дека го лишил од живот семејството кое живеело кај него)“, стои во споменатото соопштение.

Од сето наведено, може да се заклучи дека Вук Бориловиќ по убиството на Наташа Мартиновиќ и нејзините синови извршил два телефонски повици, додека третиот повик го упатил додека бил тешко ранет.

Немало претходни конфликти

„Во интерес на јавноста, укажуваме дека врз основа на собраните сознанија постојат индиции засновани на исказите на лица од непосредната околина на В.Б. кои укажувале на промени во неговото однесување, но не и на потенцијално извршување на вакво кривично дело, а по тој повод бил закажан специјалистички преглед на В.Б.

Нагласуваме и дека не постојат сознанија, ниту е пријавено во полиција, дека постоеле претходни конфликти ниту било каков претходен напад во последниот период од страна на В.Б. врз семејството потстанари. Во таа смисла, не треба да се доведува во причинско-последична врска извршувањето на овој тежок злочин со било какви противправни однесувања од претходниот период“, наведува полицијата со апел за солидарност и одговорно известување за масовното злосторство какво што Црна Гора не памети.



Спонзорирани линкови

Маркетинг