Егото на Мбапе носи проблеми: Меси чудно го гледаше, Нејмар не му дозволи да изведе пенал

Дерби

15/08/2022

12:53

2.632

Големина на фонт

а а а

Фудбалските фанови во Франција останаа разочарани од ароганцијата која ја прикажа Килијан Мбапе на натпреварот против Монпелје, а одредени експерти почнуваат да тврдат дека ваквото его на Французинот може да донесе многу проблеми во тимот со многу ѕвезди.

Кристоф Галтие има доволно добар материјал за да седне на маса со Мбапе по натпреварот со Монпелје, бидејќи покрај тоа што се откажа да трча во една акција кога не доби топка како што посакува, при вториот пенал ги налутил и Меси и Нејмар.

Мбапе не го реализираше првиот пенал кој го доби ПСЖ, па вториот го изведе Нејмар, а притоа Бразиелцот не му дозволи на својот соиграч да ја земе топката.

По досудениот прекршок, Мбапе тргнал по топката за повторно да изведе по почетното промашување, но додека го правеше тоа, го поткачи Меси и Аргентинецот чудно го гледаше својот соиграч.

Во продолжение, Мбапе ја бараше топката од Нејмар, но Бразилецот не му ја даде и мирно го реализираше пеналот за водство од 2:0 во првото полувреме.



Спонзорирани линкови

Маркетинг