Ружди во интервју пред нападот: Оптимист сум, смртната пресуда одамна е изречена

Точка

13/08/2022

18:06

2.836

Големина на фонт

а а а

Во интервјуто кое го дал само неколку недели пред напаѓачот во Њујорк да го избоде и сериозно повреди, славниот писател Салман Ружди рекол дека неговиот живо сега е релативно нормален, откако со години се криел поради смртни закани.

Во интервју за германскиот весник „Штерн“ себеси се нарекол оптимист и нагласил дека фетвата, издадена во Иран во 1989-та година, со која муслиманите ширум светот се повикуваат на негово убиство поради богохулие.

Разговорот требало да се појави на 18-ти август, но Штерн го објавил денеска, ден по нападот на Ружди.

„Тој ова интервју за нашиот весник го даде пред околу две недели“, соопштила редакцијата на весникот, пренесува „Reuters“.


Книгата на Ружди „Сатански стихови“ е забранета во Иран од 1988-ма година, а многу муслимани ја сметаат за богохулие. Една година подоцна, покојниот ирански лидер ајатолах Рухолах Хомеини издал фетва повикувајќи на смрт на Ружди. Понудена е награда од повеќе од 4 милиони долари за секој што ќе го убие Ружди. Тој се криел речиси 10 години, но во последно време живеел послободно.

Роден е во Индија, а станал американски државјанин во 2016-та година и живее во Њујорк. Рекол дека е загрижен поради заканата за демократијата во САД.

„Победата на Трамп над вистината е таму најважна. Неговиот народ верува дека ги лажат другите, а не тој“, рекол Ружди.


Запрашан дали е носталгичен, Ружди рекол дека не е и дека ја сака историјата, но дека кога станува збор за неговиот живот, повеќе сака да гледа напред.

Њујоршката полиција соопшти дека го привела Хади Матар, напаѓачот на Ружди. Мотивот за нападот сè уште не е утврден.




Спонзорирани линкови

Маркетинг