Русија: САД да го натераат Зеленски да се врати на преговарачка маса

Точка

13/08/2022

18:13

3.653

Големина на фонт

а а а

Вашингтон би требало да го натера украинскиот претседател Володимир Зеленски да се врати на преговарачката маса за да избегне понижувачки пораз, изјавил претставникот на руското Министерство за надворешни работи, Александар Дарчијев.

Како што рекол, тоа би била една од подобрите одлуките на американската администрација.

„Би било многу паметно кога Вашингтон би го натерал Зеленски да го сопре тој луд отпор и да се врати на преговарачката маса додека сè уште не е доцна, за да избегне понижувачки пораз, како што неодамна се случи во Авганистан“, рекол тој, пренесува „Спутник“.

Дарчијев, меѓутоа, оценил дека Вашингтон не сака да ги слуша аргументите кои ги изнесува Москва.




Спонзорирани линкови

Маркетинг