Овие алкохолни пијалаци се исклучително лоши за здравјето на срцето

Точка

13/08/2022

17:12

17.968

Големина на фонт

а а а

Како што стареете, сѐ повеќе започнувате да размислувате за ефектите кои алкохолот ги има врз вашето здравје.

Постојат неколку алкохолни пијалаци кои треба да ги избегнувате бидејќи лошо делуваат на работата на срцето.

На прво место е пијалакот „Cuba Libre“ односно рум помешан со Кока-Кола. Докторката Лиса Јанг во интервју за магазинот „Eat This, Not That“ навела дека всушност било кој алкохолен пијалак во комбинација со газирани пијалаци е нездрав за срцето.


Истражувањето кое е неодамна објавено во списанието „Journal of the American College of Cardiology“ покажало дека оние кои постојано консумираат газирани пијалаци имаат зголемен ризик од срцеви заболувања и мозочен удар. Во комбинација со алкохол, тие можат да бидат фатални.

На второ место на листата на пијалаци кои треба да ги избегнувате е коктелот „Pina Colada“.


„Се прави со рум, сок од ананас и кокосово млеко, кои се богати со шеќер и заситени масти“, вели Јанг.

Заситените масти го зголемуваат нивото на ЛДЛ, односно лошиот холестерол, што доведува до компликации во работата на срцето.

Уште еден пијалак кој е нездрав е „Long Island Iced Tea“ бидејќи е полн со шеќер и калории.


„Овој коктел содржи алкохол, сируп, Кока-Кола и уште неколку слатко-кисели состојки кои се лоши за срцето“, вели таа.

„Long Island Iced Tea“ е вкусен коктел и дефинитивно ќе ве опие многу побрзо од повеќето коктели, но бидете внимателни бидејќи вишокот шеќер и алкохол сепак не се добра идеја.



Спонзорирани линкови

Маркетинг