Анчелоти го најави крајот на кариерата

Макфакс

13/08/2022

16:06

2.315

Големина на фонт

а а а

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, за италијанските медиуми најави дека ќе се пензионира во овој клуб.

Богатата кариера е при крај. Договорот на Анчелоти со Реал истекува во јуни 2024 година. Можно е тогаш 63. годишниот Италијанец да ја заврши импресивната кариера.

Досега во кариерата Анчелоти освоил 23 трофеи.

„Оваа авантура со Реал Мадрид ќе биде последна во мојата кариера. По Реал ќе се повлечам. Нема подобро место на светот за да го завршам моето патување”, изјави Анчелоти за „Месаџеро“.

Анчелоти во кариерата бил тренер на Реџина, Парма, Јувентус, Милан, Челси, ПСЖ, Баерн, Наполи и Евертон.



Спонзорирани линкови

Маркетинг