„Се надевам дека мајка ми сега е ослободена од болката“: Се огласи синoт на актерката која вчера беше исклучена од апарати

Точка

13/08/2022

16:15

9.674

Големина на фонт

а а а

Синот на актерката Ен Хеч која вчера официјално беше прогласена за мртва, откако шест дена ги помина во кома по сообраќајната несреќа, се огласи со следните зборови.

Хомер Лафон, постариот син на Ен Хеч којшто сега има дваесет години, се огласи откако официјално беше соопштено дека актерката Ен Хеч почина.

„Мојот брат Атлас и јас ја изгубивме мајка ни. По шест дена речиси неверојатни емоционални промени, останавме во длабока тага и без зборови. Се надевам дека мојата мајка ќе биде ослободена од болката и дека почнува да го истражува тоа што сакам да го замислувам како нејзина вечна слобода. Во текот на тие шест дена, илјадници пријатели, членови на семејството и обожаватели ми даваа до знаење дека сите се покрај мене. Благодарен сум на нивната љубов, како и на поддршката од мојот татко и мојата маќеа Алекси кои и натаму се моја поддршка во овие моменти. Почива во мир мамо, те сакам“, изјавил тој пренесува „Daily Mail“.


Семејството на актерката соопшти:

„Денеска ја изгубивме најсјајната светлина, љубезна и најрадосна душа, љубезна мајка и посветен пријател. Ед длабоко ќе ни недостасува, но таа ќе живее низ прекрасните синови и својата култна работа и посветеност. Нејзината храброст е во вистината, шири порака за љубовта и прифаќањето, тоа ќе продолжи да има трајно влијание.“.

Инаку, Ен Хеч минатиот викенд удри со колата во гаража во приватна куќа во Калифорнија. Во таа несреќа беше предизвикан и пожар којшто избил и од кој се здобила со уште потешки повреди. Пред неколку дена падна во кома, а вчера нејзиното семејство соопшти дека актерката доживеала мозочна смрт и дека ќе биде исклучена од апарати. Прогласена беше за мртва во состав со калифорнискиот закон.


Актерката првиот син Хомер го доби со камерманот Колеман Лафун со кој била во брак од 2001 до 2007 година, а момчето се родило во 2002 година.

Ен по разводот ја започнала врската со Џејмс Тапер и во 2009 година го добиле синот Атлас, а во 2018 година ставиле точка на својата романса.




Спонзорирани линкови

Маркетинг