Левски бара УЕФА да го поништи вториот гол на Хамрун

Макфакс

13/08/2022

13:42

1.539

Големина на фонт

а а а

Бугарскиот тим Левски од Софија испрати жалба до УЕФА и бара да се преигра нивниот натпревар против Хамрун.

Клубот од Малта, Хамрун стана една од најголемите сензации во летните квалификации, успеа да го елиминира Левски по изведувањето на пенали и да се пласира во плејофот, во Конференциската лига.

Пласман во фазата по групи во најмладото натпреварување на УЕФА, Хамрун ќе брка преку белградски Партизан.

Левски и официјално поднесе жалба до УЕФА и бара реприза на натпреварот, тврдат дека вториот гол на противникот е нерегуларен.

Еден играч на Хамрун, се наоѓа на половината на Левски, кога топката поаѓа од центарот. Токму тој играч потоа добива топка и му асистира на Рајан Камензули. Неговиот гол на Хамрун му обезбеди продолженија. Тимот од Малта потоа на пенали избори место во плејофот.

Судијата Иштван Ковач од Романија го превиде тој детаљ, поради што Бугарите на зелената маса ќе се обидат да се спасат од срамната елиминација.



Спонзорирани линкови

Маркетинг