Пике ја кочи регистрацијата на Кунде

Макфакс

13/08/2022

13:35

2.591

Големина на фонт

а а а

Пред неколку дена се појави веста дека Жерар Пике има намера да се откаже од 52.000.000 евра со цел да и помогне на Барселона да ги регистрира новите фудбалери. Навдно, тој бил подготвен значително да ја намали платата, дури и за минимална плата, но тие информации не се точни.

Барселона продаде 24 отсто од акциите на „Барса студио“ за околу 100 милиони евра на „Орфеус Медиа“. Ова трансакција му овозможи на клубот да ги регистрира новите играчи, за првиот натпревар во Примера, исклучок е Жил Кунде.

Како што пишува „Релево“, Пике преговарал со челниците на Барса за намалување на платата, но тоа некаде преговрите заглавиле. Се чини дека Пике не е подготвен да ја намали платата, иако „Ас“ во четвртокот напиша дека е подготвен да игра за минимална плата.

Доколку не го решат овој проблем, челниците на Барса ќе мора да најдат друг начин да го регистрираат Кунде.

Преговорите со Пике за намалување на платата ќе продолжат. Пике во новата сезона нема да има важна улога во тимот, пред него ќе бидат Араухо, Кристенсен, Ерик Гарсија и Кунде.



Спонзорирани линкови

Маркетинг