Французите објаснија зошто Меси не е во конкуренција за Златната топка

Макфакс

13/08/2022

10:38

1.678

Големина на фонт

а а а

„Франс Фудбал“, ја објави листата на номинирани играчи за Златната топка. Големо изненадување е што на листата го нема Лионел Меси. Аргентинецот, седум пати во кариерата ја добил оваа престижна фудбалска награда. Ова е прв пат од 2005 година, Меси да не биде номиниран за Златната топка.

Новинарите на „Лекип“, решија да ја анализираат ситуацијата и да објаснат зошто 35. годишниот играч на ПСЖ не е меѓу номинираните. Според францускиот весник, главен фактор била промената на правилата за доделување на Златната топка. Се земаат предвид успесите за завршената сезона, а не за целата календарска година, како што тоа беше случај досега.

„Неговото отсуство од оваа листа дефинитивно претставува шок. Промените на правилата не му одеа во прилог. Промената на клубот исто така беше клучна. Покрај тоа, тој не се истакна за време на квалификацискиот циклус за Светското првенство. Вреди да се напомене дека неговата прва сезона во клубот од Париз беше многу сиромашна. Тој постигна само шест гола во лигата. Сигурно многу луѓе имаа впечаток дека подобриот дел од Меси остана во Барселона“, пишува „Лекип“.

И иако новинарите на „Лекип“ потенцираа дека најважни се индивидуалните успеси, важни се и тимските резултати. Иако ја освои титулата со ПСЖ, клубот предвреме испадна од Лигата на шампионите и се чини дека ниту Меси ниту неговиот клуб не можеа да бидат презадоволни од минатата сезона.

„На крајот, важен е и критериумот број три, односно класата на играчот и неговото чувство за фер-плеј. Фудбалерот исто така мора да даде пример, што дефинитивно му недостигаше на Меси минатата сезона“, заклучуваат новинарите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг