Хрватската плажа меѓу најубавите во Европа – на рамниште со Ибица

Точка

12/08/2022

12:08

24.587

Големина на фонт

а а а

„Од Грција до Исланд, ова се најубавите плажи на кои може да ставите пешкир“, пишува „Easy Jet Traveller“ на својата листа на најубави европски плажи, на која се наоѓа и скриената хрватска убавица.

Не е тајна дека шармантната плажа Стинива, е скриена во истоимениот залив на островот Вис, со својата природна убавина таа маѓепсала многу од туристите, а угледните портали редовно ја сместуваат на листата најубави европски плажи.

Плажата Стинива ја освоила титулата најубава европска плажа во 2016 година, а сега повторно е на листата најмагични плажи на кои невозможно е да им одолеете.

Тајното катче на Хрватска

„Најјужниот хрватски остров Вис, до кој се пристигнува со едноставно возење со траект од Сплит, познат е по својата мистериозна убавина, совршено зачуван поради повеќедецениската изолација. Стинива е совршен пример на својата восхитувачка убавина, со бели карпи кои се издигнуваат и отвораат како врата во тиркизното море. Овој залив во 1967 година е прогласен како значаен дел од Хрватска и оттогаш е заштитен, а без оглед на туристите кои се спуштаат на нејзината плажа, Стинива и натаму оддава впечаток на тајно катче на Хрватска“, пишува споменатиот магазин, додавајќи инсајдерски совети за авантуристите кои можат да се искачуваат по стрмните карпи покрај крајбрежјето.

Освен Стинива, на листата на најубави плажи се нашле и Кала Макарелета (Шпанија), Кала д’Хорт (Ибица), Праиа де Бенагил (Португалија), Навагио (Грција), Саракинико (Грција), Ел Голфо (Шпанија).




Спонзорирани линкови

Маркетинг