Навистина бурно и тензично беше на вчерашниот натпревар помеѓу Партизан и АЕК Ларнака во рамките од квалификациите за пласман во Лига Европа.
АЕК остана непоразен во Хумска (2:2) и со тоа успеа да се пласира во плеј-офот од квалификациите, а Партизан продолжува во третото по ранг натпреварување во Европа, Конференциската лига.
На една страна на стадионот, навивачите на Партизан ги подбраа фудбалерите на клубот и им ги соблекоа дресовите, притоа терајќи да скандираат против управата на клубот, нешто што играчите одбија да го направат.
На другата страна, пак, скандалозно однесување имаше од Ненад Томовиќ, екс фудбалер на Црвена Звезда и српски репрезентативец.
Тој се залета и удри еден од фоторепортерите кои беа покрај теренот, откако тој очигледно претходно го испровоцирал.
Ваквиот потег на Томовиќ ги налути и навивачите на Партизан кои од трибините почнаа да фрлаат секакви предмети на теренот.