Иван Тричковски со години наназад е најдобар играч на АЕК Ларнака и тоа го нагласи и тренерот Орта, кој сепак порача дека вчеравечер не го играл Македонецот против Партизан поради технички и тактички причини.
Колку и да му се суди за потегот, конечниот резултат 2:2 оди во негов прилог и АЕК успеа да го елиминира Партизан среде Белград, а начинот на кој се случи тоа беше неверојатен.
Херој за гостите беше Фараж, крилниот фудбалер на АЕК кој изведе вистинска бравура по десната страна, а потоа биеше неодбранливо со левата нога.
Соиграчот на Тричковски нанижа четворица играчи на Партизан и си поигра со нив, реагираше побрзо и од петтиот чувар, за на крај немоќен да биде и голманот Поповиќ.
Првиот натпревар на Кипар заврши 2:1, па со вкупни 4:3, АЕК се пласираше во завршната плејоф рунда во Лигата на Европа.