Навивач на Реал побара од Перез да го врати Роналдо, одговорот на Флорентино звучеше потценувачки

Дерби

12/08/2022

10:56

3.070

Големина на фонт

а а а

Реал Мадрид стигна до нов трофеј во Суперкуп финалето во Европа и продолжи да реди титули во 2022-ра година, четврта во период од осум месеци.

„Кралевите“ без проблеми го надиграа Ајнтрахт Франкфурт во Хелсинки и ја започнаа новата сезона со нов важен успех, по кој Флорентино Перез јасно стави до знаење дека нема да купува нови играчи до крајот на летниот преоден рок.

Претседателот на Реал го нагласи тоа во првото интервју по финалето, но во последните неколку часа, вирален хит стана и еден негов одговор од Хелсинки, а кој се однесува за Кристијано Роналдо.

Португалецот си бара нова средина веќе извесно време и никако да пронајде клуб кој ќе ги задоволи неговите апетити, па еден фан на Реал му предложил на Перез да го врати Кристијано во Реал.

– Да го вратам повторно? На 38 години?, – прашува Перез, а неговиот одговор е протолкуван како потценувачки кон човекот кој е најдобар стрелец во историјата на Реал Мадрид.



Спонзорирани линкови

Маркетинг