Трагедија во Норвешка: 19 годишна Словенечка скијачка загинала на тренинг

Дерби

12/08/2022

10:53

19.618

Големина на фонт

а а а

Големата надеж на словенечкото скијање, Хана Јамник загинала во Норвешка. Од Скијачкиот сојуз на Словенија ја потврдија информацијата посочувајќи дека Јамник починала како последица на трагичен инцидент.

19 годишната Хана се подготвувала за новата сезона во која требало да биде вклучена во репрезентацијата на Словенија.

Според норвешките медиуми, таа во текот на вчерашниот дел се судрила со камион додека тренирала на „ролер скии“. Овој тренинг е чест за натпреварувачите во бијатлон и крос- кантри, дисциплини во кои настапувала Јамник.

Јамник не починала на лице место, туку веднаш била транспортирана со хеликопотер во болница каде им подлегнала на повредите.

Виновник за сообраќајната незгода бил возачот на камионот кој веднаш добил обвинение поради кршење на сообраќајните правила.



Спонзорирани линкови

Маркетинг