Нов напаѓач се поврзува со трансфер во Манчестер Јунајтед

Дерби

12/08/2022

10:42

1.889

Големина на фонт

а а а

„Црвените ѓаволи“ мака мачат да обезбедат офанзивец кој ќе игра во ротацијата на Ерик Тен Хаг.

Манчестер Јунајтед е „тенок“ на офанзивните позиции посебно по повредата на Антони Марсијал кој ќе отсуствува извесен период. Кристијано Роналдо не е доволно подготвен, но се очекува да стартува против Брентфорд од првата минута.

И покрај тоа, на Тен Хаг му е потребен напаѓач, па клубот веќе се поврзуваше со ангажман на Марко Арнаутовиќ, Коди Гакпо и Алваро Мората, а сега се појавија и нови информации.

Имено, според „TyC Sports“, Манчестер Јунајтед бил заинтересиран да го ангажира Мауро Икарди од редовите на ПСЖ.

Францускиот клуб ќе се обиде да се ослободи од аргентинскиот репрезентативец за кого интерес освен од Манчестер Јунајтед имало и од Галатасарај.



Спонзорирани линкови

Маркетинг