Актерката наскоро ќе биде исклучена од апаратите кои ја одржуваат во живот, се чека потврда дали нејзините органи ќе бидат донирани: „Нема да преживее...“

Точка

12/08/2022

10:46

19.779

Големина на фонт

а а а

Актерката Ен Хеч моментално се наоѓа на апарати за одржување во живот, а семејството соопштило дека нејзиниот мозок е многу оштетен и дека актерката за жал нема да преживее.

Семејството на Ен Хеч дало изјава за јавноста за состојбата на актерката и при таа прилика соопштило дека „не очекува дека актерката ќе преживее“, со оглед на тоа што има голема повреда на мозокот.

Откако се случила незгодата, Ен доживеала голема повреда на мозокот, а сега се наоѓа на апарати кои ја одржуваат во живот. Се чека потврда дали нејзините органи можат да бидат донирани, пренесува „Daily Mail“.


„Сакаме да им се заблагодариме на сите за убавите желби и молитвите за закрепнувањето на Ен и да се заблагодариме на посветениот персонал и прекрасните медицински сестри кои се грижеа за Ен во Гросмановиот центар за изгореници во болницата Вест Хилс. За жал поради несреќата Ен претрпе тешка повреда на мозокот и останува во кома, во критична состојба. Не се очекува да преживее“, пишува во соопштението.

„Ен имаше големо срце и го допре секој кој ја сретнал со својата великодушност. Имаше и повеќе од неверојатен талент, сакаше да им пренесе на другите радост и добрина. Ќе биде запаметена по својата храбра искреност и многу ќе ни недостасува“, се додава во изјавата.


Полицијата во четвртокот за „CNN“ изјави дека Хеч била под влијание на опијати за време на инцидентот, но дека „потребно е дополнително тестирање за да се исклучат било какви лекови кои ги добила во болницата“, изјавила полицајката Ени Хернандез.

Хеч во петокот удрила со автомобилот во гаража во населбата Мар Виста во Лос Анџелес. Судирот предизвикал и пожар којшто се гасел еден час.


Инаку, Ен е позната по улогите во филмовите како што се „Psyho“, „Donnie Brasco“ и „Cedar Rapids“, а меѓу 1997 година и 2000 година била во љубовна врска со водителката Елен Деџенерис.




Спонзорирани линкови

Маркетинг