Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје биле изречени вкупно 195 казни, меѓу кои за возење над дозволената брзина 32 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, 50 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли.
Изречени биле 10 мерки за нерегистрирани возила, шест санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет мерки за користење мобилен телефон.
Засилените акциски контроли продолжуваат, најави полицијата и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.