Небензја: Светот е на раб на нуклеарна катастрофа

Точка

11/08/2022

23:21

2.910

Големина на фонт

а а а

Постојаниот претставник на Русија при Обединетите нации, Василиј Небензја денеска во Советот за безбедност при ОН изјавил дека злосторничките акции на Киев во поглед на нуклеарната електрана во Запорожје го туркаат светот на работ на нуклеарна катастрофа.

„Вистинските размери на нуклеарната катастрофа во Запорошката нуклеарна централа е тешко да се замислат. Во овој случај, одговорноста за тоа ќе падне на западните спонзори на Киев“, рекол Небензја, пренесува "Sputnik".

Истакнал дека зрачењето во Запорошката нуклеарна централа, за сега, е во рамките на дозволеното, но ако продолжи гранатирањето на украинската војска, прашање е до кога ќе биде така.


Ги повикал експертите од Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA) да ја посетат централата и изразил надеж дека во сегашните околности генералниот секретар на ОН "ја сфаќа својата одговорност" и дека нема да го спречи спроведувањето на оваа мисија преку одговорните служби.

„Од наша страна, подготвени сме да пружиме максимална помош во решавањето на сите организациски прашања. Сметаме дека е оправдано претставници на IAEA да ја посетат Запорошката нуклеарна електрана што е можно побрзо, можеби и пред крајот на август“, нагласил тој.




Спонзорирани линкови

Маркетинг