Лажните кнедли со сливи се апсолутен хит на интернет: Освен што се подготвуваат двојно побрзо, тие се и неверојатно кремасти

Точка

11/08/2022

21:40

20.656

Големина на фонт

а а а

Сезоната на сливи е во ек, а ние одлучивме да ја прославиме со најдобриот колач на светот – лажни кнедли.

Спојте ги традицијата и иновативноста и направете го овој ароматичен и вкусен десерт.

Потребни состојки:

- Околу 1 кг. сливи без семки

За првиот фил:

- 350 гр. презла
- 100 гр. шеќер
- 2 ќесички ванилин шеќер
- 100 мл. масло за јадење
- 2 лажички цимет

За вториот фил:

- 1 л. млеко
- 150 гр. шеќер
- 1 прашок за пециво
- 2 ќесички ванилин шеќер
- 1 јајце
- 160 гр. гриз
- 90 гр. путер

Начин на подготовка:

Соединете ги сите состојки за првиот фил и оставете го садот настрана.

За вториот фил одвојте 300 мл. млеко и помешајте го со сите состојки освен путерот. Во сад на оган ставете 700 мл. млеко да зоврие, па додајте ја претходната смеса и варете додека не се згусне. На крајот додајте го путерот и добро измешајте.

Во тава ставете половина од смесата со презла, а потоа одозгора наредете ги сливите, па вториот фил и на крајот остатокот од смесата со презла.

Печете на 180 Целзиусови степени околу 45 минути до еден час. Почекајте да се излади, а потоа послужете.



Спонзорирани линкови

Маркетинг