Се случува еднаш во 1.000 години: Невремето го опустоши најтоплото место на светот, водата носела се пред себе

Точка

11/08/2022

20:25

3.310

Големина на фонт

а а а

Долината на смртта овие денови е опустошена од бура проследена со дожд, кој го поплавил тој национален парк. Се уште се трага по заробени луѓе, а штетата е голема.

Неодамнешното невреме и силните дождови во Долината на смртта освен што ги поплавиле улиците, ја оштетиле инфраструктурата и носеле автомобили. Метеоролозите и службениците од паркот тоа го опишуваат како настан кој се случува еднаш во 1.000 години.

За само три часа во Долината на смртта паднало 75 проценти од просечната годишна количина на дожд, порачале експертите од опсерваторијата за Земјата на НАСА, а во тој период стотина посетители и службеници од паркот останале заробени, бидејќи сите патишта се непроодни.

Водата со повлекла, но зад себе оставила наслаги од кал, а во акцијата за спасување на луѓето тргнале и спасувачките служби, пишува "Guardian".

Проверката се уште трае

Нема извештаи за повредени, но калифорниските служби го прегледуваат паркот од воздух, се наведува во соопштението на Службата на националниот парк, за да се потврди дека нема заглавени возила во далечните подрачја на паркот.

Даниел Берц, метеоролог од Националната метеоролошка служба на Лас Вегас, ја опишал поплавата како историски настан кој се случува еднаш во 1.000 години со веројатност од 0,1 проценти во текот на одредени години.


Но, настаните како овој, за кои некогаш се сметало дека се многу ретки, се во пораст. Научниците откриваат дека временските екстреми, поттикнати од климатската криза, се се поверојатни и на американскиот запад.

Долината на смртта е најсушно место во Северна Америка и е позната по температури кои знаеле да бидат повисоки од било каде на Земјата.

Надзорникот на паркот, Мајк Рејнолдс, рекол дека ќе треба време за повторна обнова, додавајќи дека службениците се уште работат на процена на штетата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг