„Vogue“ избра: 5 најголеми модни трендови кои ќе се носат оваа есен

Точка

11/08/2022

19:55

9.403

Големина на фонт

а а а

Британското издание на магазинот „Vogue“ ги одбра најголемите модни трендови кои ќе се носат оваа есен, анализирајќи ги колекциите на познатите модни куќи и брендови.

Бела поткошула

Белата маица без ракави која потсетува на поткошула не е само основа на летната гардероба. Познатите модни куќи и дизајнери ја вклопија и во овогодишните есенски комбинации, со кожни панталони, макси здолништа или обични фармерки. „Bottega Veneta“ предлага бела поткошула од тенка кожа, додека „Prada“ останува верна на памучната верзија, но со истакнат логотип.


Бомбер јакни

Пилотите некогаш носеле бомбер јакни направени од кожа и крзно за да ги заштитат од ниските температури и другите метеоролошки неприлики. Со развојот на технологиите и различните ткаенини, овој тип јакни започна да се изработува од лесни материјали и на голема врата влезе во модата. Оваа есен бомбер јакните повторно се враќаат како дел од уличната мода.


Струкирана облека

Нагласете го струкот оваа есен, без разлика дали претпочитате носење на женствен корсет, струкирана блуза, фустан или сако. „Gucci“ и „Balmain“ вградија необични корсети во есенските силуети на своите модни предлози, додека „Alaia“ предлага комбинација од добро скроен комбинезон и предимензиониран ремен кој го истакнува струкот.


Двојно плетиво

Каква би била есента без топло плетиво? Дизајнерите оваа година предлагаат да се „изгубите“ под неколку слоја топли, волнени парчиња. На располагање ви се плетивата од глава до пети како истобојните сетови елеци и здолништа, додека „Chanel“ предлага игра на различни принтови и бои, надополнети со модерни аксесоари.


(Пре)долги парчиња

Доколку го прашате Рик Овенс, оваа година не можете да носите доволно долга облека. Подгответе се за макси здолништа и фустани чии рабови се влечат по подот, а оние похрабрите можеби ќе се одлучат и за подраматични капути, јакни и блузи со предимензионирани ракави кои ги прекриваат дланките.




Спонзорирани линкови

Маркетинг