Како изгледа Кабул речиси една година откако талибаните ја преземаа власта?

Точка

11/08/2022

22:47

6.113

Големина на фонт

а а а

Новинарката на "CNN" се јавила од пазарот и вели дека тоа што може да се види е дека постои "чувство на нормалност" на улиците и дека ситуацијата не ни блиску до сцените од хаос и насилство од минатата година.

Мина речиси една година откако талибаните ја преземаа власта во Авганистан, а каква е таму ситуацијата открива новинарката на "CNN", која повторно е во Кабул.

Клариса Ворд од "CNN" се вратила во престолнината на Авганистан за да известува за тоа како Авганистанците, а посебно Авганистанките, живеат и реагираат на промените во земјите.


Таа се јавила од пазарот и вели дека тоа што може да се види е дека постои "чувство на нормалност" на улиците и дека ситуацијата не ни блиску до сцените од хаос и насилство од минатата година.

„Меѓутоа, има многу луѓе кои се борат да стават храна на масата, речиси половина држава гладува според податоците на ОН“, вели таа.


Новинарката објаснува дека тоа делумно е поради кризата храна, делумно поради инфлацијата, но како што вели, бидејќи во моментот на јавувањето се јавила од пазарот, храна има.

„Тезгите се полни, но во разговор со продавачите откривме дека за повеќето жители храната е прескапа. Брашното е двојно поскапо од тоа што беше, а маслото е повеќе од двојно поскапо“, вели таа.


Што се однесува до вооружените талибани на улиците, вели дека се трудат да бидат помалку видливи на улиците.

„Ги има, но не сакаат да се снимаат како што беше случај минатата година во текот на првите денови од преземањето на власта“, рекла новинарката.


Таа, како жена, на улица била во облека која е помалку конзервативна отколку пред една година.

„Талибаните донесоа одлука дека жените не треба да носат само хиџаб, туку и никаб кој во целост го прекрива целото лице. Многумина се облекуваат како што се облекувале претходно, ги одбиваат тие правила, а изгледа дека талибаните не реагираат на тоа“, вели Ворд.


Потсетуваме, талибаните на 16-ти август минатата година преземаа целосна контрола над Кабул и целата земја. Светот го обиколија сцените од хаосот на аеродромот, кога илјадници и илјадници луѓе се обидуваа да побегнат од земјата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг