Лек за настинка, најмногу го има во цитрусите...: 5 митови за витаминот Ц во кои многумина веруваат

Точка

11/08/2022

18:45

14.452

Големина на фонт

а а а

Витаминот Ц или аскорбинската киселина е хидросолубилен витамин, неопходен за нормален раст и развој на човечкиот организам.

Тој е есенцијален нутриент, што значи дека нашето тело не може да го синтетизира, поради што мора редовно да се внесува преку избалансирана исхрана.

Бидејќи е толку важен за организмот, за витаминот Ц можат да се чујат многу тврдења, но поединечни, за жал, не се точни.

Ова се петте најчести митови за витаминот Ц:

Витаминот Ц е лек за настинка

Ова е веројатно еден од најголемите митови. Витаминот Ц го подобрува имунитетот, но не постојат докази дека лекува настинка како што се мисли. Доколку го зголемите внесот на витамин Ц додека сте болни, тоа нема да го забрза вашето закрепнување.


Лимонот и портокалот се најголем извор на витамин Ц

Всушност пиперките содржат повеќе витамин Ц од цитрусите како портокалот и лимонот, па затоа консумирајте ги почесто доколку сакате да внесувате повеќе од овој витамин во својата исхрана. Во исхраната внесете и кисела зелка која исто така изобилува со витамин Ц.

Витаминот Ц е најважен за имунитетот

Витаминот Ц не е единствено важен за имунитетот – тој помага и во други функции на телото како што е синтезата на допамин кој има важна улога во контролирање на функциите во мозокот и регулирање на расположението. Исто така, доколку внесувате железо како суплемент или по пат на исхрана, витаминот Ц ќе ви помогне подобро да се апсорбира во телото.


Колку повеќе витамин Ц внесувате, толку имунитетот е посилен

Витаминот Ц, како и секој друг витамин, му е потребен на организмот во одредена количина. Не е добро ако го внесувате премалку, но исто така не е добро и ако го пречекорувате дневниот внес бидејќи тоа може да доведе до низа здравствени проблеми. Важно е да одржувате баланс.

Суплементите на витамин Ц влијаат на зголемување на телесната тежина

Иако многумина мислат дека земањето премногу витамин Ц може да доведе до зголемување на телесната тежина, тоа не е точно. Неколку истражувања потврдиле дека нивото на витамин Ц во телото е обратно пропорционално на телесната тежина.



Спонзорирани линкови

Маркетинг