Видео кое предизвика бурни реакции: Ѝ го дала бебето на својата пријателка да го дои, за таа да може да испие неколку пијачки

Точка

11/08/2022

18:00

9.645

Големина на фонт

а а а

Една корисничка на ТикТок сподели видео на кое се гледа како нејзината пријателка го дои нејзиното бебе, а ваквата снимка предизвика бурни реакции.

„Кога ќе испиете неколку пијачки, па ќе ѝ дозволите на вашата пријателка да го надои вашето бебе“, напишала Грејс од Флорида во описот на видеото.

Спорната снимка која има над 1 милион прегледи, ја прикажува пријателката на Грејс како го дои нејзиното бебе додека таа седи покрај нив и ги гледа.

По ова видео, Грејс објавила уште едно на кое повторно се гледа како нејзината пријателка го дои нејзиното бебе.

„Мојата пријателка има 7-месечно дете. Нејзиното бебе е надвор од државата овој викенд, па ѝ дозволив да води грижа за моето бебе за да го зајакне неговиот имунолошки систем“.

Многу мајки го поддржале делењето на млеко, но имало и такви кои воопшто не го поддржуваат она што Грејс го прави, а помеѓу нив е и Американската академија за педијатрија.

„Американската академија за педијатрија го обесхрабрува неформалното делење на млеко, но тоа станува сè попопуларно, најверојатно преку онлајн групите за делење млеко и личните искуства кои се споделуваат на блоговите за родителство“, велат од Академијата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг