Галас импресиониран од повратникот во Арсенал: Има ист стил на игра како Фердинанд

Дерби

11/08/2022

16:54

2.329

Големина на фонт

а а а

Арсенал одигра брилијантно прво полувреме во воведното коло во Премиер лигата и импресионираше со офанзивниот пристап против Кристал Палас, но одговори извонредно и во второто полувреме кога домаќините се обидоа да се вратат во игра.

„Топчиите“ добија големи комплименти за играта во нападот, но покрај брилијантните потези на Жезус, се издвои и едно име од одбраната кое посебно воодушеви.

Вилијам Салиба се врати во првиот тим на Арсенал по неверојатно добрата сезона која ја имаше на позајмица во Марсеј, па уште на своето деби во Премиер лигата наиде на низа комплименти, кои сега ги продолжува и Вилијам Галас.

– Салиба е навистина многу добар играч. Кога го гледам него, ме потсеќа на еден мој голем противник, а тој играч е Рио Фердинанд. Ако погледнете како игра сега Салиба и како играше Рио кога беше млад, нивниот стил на игра е ист.

– Не можам да кажам дека ќе ја има истата кариера, но се надевам дека ќе ја има. Тој има идентичен стил како Фердинанд. Убеден сум дека Салиба ќе изненади многу луѓе, тој е многу млад и ќе биде само подобар во иднина, – вели Галас за „Гентинг Казино“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг